Челси се распрашува за Саул

by
1 минути читање

Европскиот првак
Челси веќе го контактирал шпанскиот шампион Атлетико Мадрид околу можноста за
ангажман на фудбалерот од средниот ред Саул Нигез во летниот преоден рок.

„Мундо Депортиво“
известува дека Саул котира високо на листата на желби кај германскиот фудбалски
стратег од клупата на „Сините“ од Лондон, Томас Тухел, кој наводно добил зелено
светло од првиот оперативец Марина Грановскаја за потписот на Шпанецот.

Неофицијално, се
шпекулира дека „Јорганџиите“ за услугите на 26 годишниот Саул бараат
обештетување во висина од 80 милиони евра, а од шпанскиот првак наводно се
отворени за продажба на фудбалерот.

Претходно „Марка“
извести дека Саул е близу до трансфер во Баерн Минхен за сума од 80 милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×