Ал-Келаифи: Мбапе останува во ПСЖ, никогаш нема да го продадеме

by
1 минути читање

22 годишниот
фудбалер на францускиот вицепрвак ПСЖ, Килијан Мбапе веќе влезе во финалната година
од својот актуелен договор со клубот од Париз, а за неговата иднина постојано
се шпекулираат разни сценарија.

Едно од повеќето
сценарија секако е негов трансфер во Реал Мадрид, меѓутоа првиот човек на ПСЖ,
Ал-Келаифи упати директна порака во однос на темата со фудбалерот.

Сакам да бидам
јасен во ова, Килијан Мбапе ќе остане во Париз, ние никогаш нема да го
продадеме, но и никогаш нема да дозволиме да си замине без обештетување
“ изјави
Ал-Келаифи.

Инаку, пред
извесен период францускиот напаѓач јасно наведе дека посакува солиден проект
околу себе бидејќи неговата цел е на високо ниво во својата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×