190
Проблемот е поголем бидејќи Серхио Бускетс е позитивен додека е на подготовки со шпанската репрезентација, а не при неговото пристигнување.
Тестовите кај останатите фудбалери се негативни, но останува можноста да има и други заразени, па алармот е уклучен.
Се верува дека уште неколку фудбалери ќе бида деновиве во изолација.
А пријателскиот натпревар кој Шпанија требаше да го одигра со Литванија, ќе го игра со тимот до 21 година.
Селекторот Луис Енрике наместо 26 фудбалери, објави список со 24, па таквиот негов потег сега може да му се удри од глава.