Селекторот на Австрија повикува на претпазливост: Од Македонија ни зависи како ќе продолжиме на ЕП

by
1 минути читање

Австрија синоќа одигра 0-0 на пријателскиот натпревар против Словачка, кој им беше и последна подготвителна средба пред дуелот со Македонија.

На прес конференцијата по мечот, селекторот Фодо голем дел посвети на Македонија.

„Македонците играат во дефанзивна формрација 3-5-2, но се многу опасни и агресивни кoга ќе освојат простор во нападот. Не смееме да си дозволиме ниту една грешка“, вели селекторот Фода.

„Македонија има компактен тим кој брзо се трансформира, ние мора да играме претпазливо за да дојдеме до победата. Тој прв натпревар ни е најважен и од него зависи како ќе продолжиме понатаму и дали ќе се пласириаме во осминафиналето“.

„Нашиот состав ќе биде скоро ист како и на дуелот против Словачка. Имаме дилеми само за околу тројца играчи. Многу веројатно е дека во нападот ќе ги видиме заедно Калајџиќ и Аарнаутовиќ. Прв голман ќе биде Даниел Бахман“.

Македонија има негативен скор против Австрија. Двата меча од квалификациите за ЕП ги загубивме, особено беше болен поразот во Скопје од 4-1 кога Австријците комплетно не надиграа. На нивниот се прикажавме во подобро издание, но и тој меч го загубивме од 2-1. 

Мечот меѓу Македонија и Австрија се игра на 13. јуни, недела, со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×