Силни беа гласините дека Алиоски ќе си замине од Лидс ова лето, но македонскиот фудбалер во голема форма ги одигра последните неколку кола во Премиерлигата и го принуди клубот да вложи поголем напор за негово останување.
Алиоски не одговори на првата понуда од Лидс, го остави својот статус отворен и дојде на подготовките со македонската репрезентација. Неговата иднина веројатно ќе се решава по завршувањето на Европското првенство каде со добри игри може да добие уште поголема промоција и да навлече интерес на повеќе клубови.
Лидс е свесен за тоа, последните информации говорат дека тие му доставиле подобрена понуда според која ќе биде еден од најплатените во клубот.
Според актуелниот договор, платата на Алиоски е 55.000 фунти, во тимот има само четворица кои заработуваат повеќе од него. Со нов договор нашиот фудбалер сигурно би скокнал уште некое место погоре на таа листа.