Ден за одмор на македонските фудбалери пред заминувањето во Букурешт

by
1 минути читање

Главните подготовки за историскиот настап на Европското првенство завршија, избраниците на Игор Ангеловски вчера во комплетен состав, со Енис Барди, го имаа последниот тренинг во Скопје.  Во оваа фаза се тренираше и двапат во денот, а ги одигравме и двата подготвителни меча со Словенија (1-1) и Казахстан (4-0), од кои селекторот може да биде задоволен.

Немаше повреди, немаше несакани вести со исклучок на ситуацијата со Енис Барди која е минато. Сите фудбалери кои ги повика Ангеловски се подготвени за пат на Европското првенство.

Денеска фудбалерите имаат слободен ден, тргнувањето за Букурешт е планирано во вторник во утринските часови. 

Репрезентацијата во Романија ќе има неколку денови за аклиматизација, ќе се тренира во базата во Букурешт, а акцент ќе се даде на кроење на тактиката за мечот со Австрија.

Македонија својот прв настап на Европското првенство ќе го има на 13. јуни, во недела, со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×