Алегри под истрага, се испитуваат сомнителни трансакции поврзани со коцкање и обложување

by
1 минути читање

Макс Алегри е под
лупа на истражителите од одделот за перење пари на Банка на Италија, ова
денеска го пренесе весникот „Ла Верита“. Се испитуваат неколку сомнителни
трансакции на новиот тренер на Јувентус кои се поврзани со коцкање и
обложување.

Алармите биле
вклучени по неколку исплати (вкупна сума од 161.000 евра во периодот од 2018 до
2021) од страна на компанија во Малта која е под истрага за измама, перење
пари, затајување данок и поврзаност со мафијата „Ндрангета“.

На сметката на
Макс Алегри легнале и 168.000 евра од компанија од Словенија која менаџира со
хотели и казина, како и 140.000 евра од банка во Монте Карло, место познато поради даночниот рај и казината.

Сега треба да се
утврди дали на Макс Алегри му тргнало на коцка или пак се работи за перење
пари. Исто така ќе треба да се утврди и дали имало обложување на фудбалски натпревари,
што е строго забрането од страна на Фудбалската федерација на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×