651
Френк Де Бур доби
многу критики по ремито од 2-2 против Шкотска, навивачите, играчите и стручните
коментатори му замеруваат за изборот на формацијата и се прашуваат зошто игра
5-3-2 наместо препознатливата 4-3-3.
„Јохан Кројф ќе
се превртува во гроб“ – вели Роналд Де Бур за тактичките замисли на својот
брат. „Но ќе се превртува во гроб и ако ја види Барселона на Роналд Куман“.
„Секако ова може
да биде атрактивен систем доколку правилно ги поставите играчите. Кога треба да
играте против два квалитетни противника, од корист е да ставите човек помеѓу
двајцата централни дефанзивци. Имате доза на сигурност и можност да играте
офанзивно“.