Емотивно обраќање на Арнаутовиќ: Ги немав видено моите деца неколку месеци (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Селекцијата на
Австрија која инаку е наш прв противник на претстојното Европско првенство утре
на програмата ја има последната контролка пред европскиот турнир, а ќе ги
одмери силите со Словачка.

Напаѓачот на
Австријците, Марко Арнаутовиќ имаше доста емотивно излагање на
пресконференцијата, со тоа што нагласи колку е среќен што е повторно дел од
националниот состав.

Додека бев во
Кина, не можев да си ги видам сопствените деца и семејство неколку месеци,
животот го гледав со поинакви очи, не беше воопшто лесно, морав низ сето тоа да
поминам
“ рече напаѓачот низ насолзени очи.

Затоа сум среќен
што сум повторно во Австрија, ќе дадам се
од себе за својата земја и моето семејство да ги
направам среќни
“ додаде Арнаутовиќ кој во март не беше во можност да игра за
својот национален тим поради пандемијата со коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×