195
На осум дена до
воведниот меч против Украина во првото коло на Европското првенство,
загриженост во таборот на Холандија поради статусот на Матијс де Лихт кој се
здоби со повреда во текот на вчерашниот тренинг.
Селекторот на „Лалињата“,
Франк де Бур во однос на статусот на Де Лихт коментираше дека не сакал да
ризикува со него, а тоа го изјави во пресрет на утрешната контролка со Грузија,
како последен тест пред европскиот турнир.
Претстојат повеќе
медицински тестови за фудбалерот по што ќе бидат познати деталите од
сериозноста на повредата, но постои загриженост во таборот на Холандија која
воедно е наш последен противник во групната фаза од Европското првенство.