Жозе Мурињо ја почна својата работа како аналитичар за весникот „Сан“ за случувањата од Европското првенство. Тој ги анализираше главните фаворити плус земјите од Островот.
Од оние репрезентации кои Мурињо ги анализираше за нас интересна селекцијата на Холандија со која сме во иста група.
Мурињо смета дека Холандија предводена од Де Бур не може далеку да стигне на Европското првенство.
„Тоа што Роналд Куман замина во Барселона не беше добро за Холандија, не им помогна. Франк де Бур нема големо искуство ниту како селектор ниту како тренер на клуб“, вели Мурињо.
„Се разбира дека тој беше многу добар фудбалер и е почитуван во Холандија. Фудбалерите ќе го слушаат. Тие не се лоши, но каде им се играчи како Ван Бастен, како Рајкард? Мислам дека ни до полуфинале нема да стигнат“.
„Имаат добри млади фудбалери и веројатно ќе им треба уште две или четири години за да го достигнат највисокото ниво на својата игра“.
„Холандија треба да ја помине групата, но да стигне до полуфинале или финале? Не мислам дека тоа ќе се случи“.
Анализата на Мурињо за неколкуте репрезентации можете да ја прочитате на овој ЛИНК.