Во новиот договор на Меси постои посебна клаузула за Интер Мајами?

by
1 минути читање

Се шпекулира дека
Лионел Меси и во новата сезона ќе биде дел од Барселона, односно дека веќе ги
прифатил условите од каталонскиот гигант за продолжување на соработката,
меѓутоа, се верува дека во 2023 година ќе се пресели во Интер Мајами на Дејвид Бекам бидејќи
постои клаузула за таа намена.

Со тоа,
очекувањата се Меси да ја заврши својата кариера во Европа во дресот на
Барселона до свои 36 години, а „Спорт“ наведува дека по две годишниот престој во Интер
Мајами, тој би се вратил во Барселона, која често ја наведува како свој дом, а
тоа би било стратегиско партнерство за клубот.

Се верува дека
Меси по крајот на својата кариера би продолжил во проекти на Барселона од
глобално значење како амбасадор, иако не се отфрла ниту можноста да има
влијание да носи одлуки од спортско значење во клубот исто така, односно да има
и друга функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×