Велкоски уште две сезони во Сараево

by
0 минути читање

Босански „СпортСпорт“
базирајќи се на податоците објавени на КОМЕТ-системот при УЕФА, објави дека
нашиот интернационалец Крсте Велкоски потпишал нов договор со Сараево со што се
обврзал на верност со тој клуб до 2023 година.

На „transfermarkt“ стои дека 33 годишниот напаѓач новиот
договор го потпишал на 2 јуни, односно пред три денови, а како за потсетување,
Македонецот е дел од Сараево од 2017 година, а беше член на тој клуб и од 2014
до 2016 година, досега запиша 209 натпревари, на кои генерално постигна 66
погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×