„Ние сме селекција од фудбалери кои би умреле еден за друг на теренот“

by
1 минути читање

Во текстот на „АФП“ главниот фокус е на Горан Пандев. Се потенцираат сите успеси на нашиот капитен, особено тројната круна со Интер предводен од Жозе Мурињо, но најдрагиот гол му е погодокот против Грузија кој ја однесе Македонија на Европското првенство.

„Тоа е мојот најдраг гол бидејќи конечно се пласиравме на еден голем турнир“, изјави Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски има само големи зборови за Пандев, а ја потенцира и сплотеноста на нашата репрезентација.

„Тој е нашиот најдобар фудбалер во исторјата и среќен сум што прфати да се врати како наш лидер на теренот и надвор од него“, вели Ангеловски.

„Направивме нашиот национален тим да живиее како семејство, еден за друг би умреле на теренот“.

Целиот текст на „АФП“ можете да го прочитате на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×