Атлетико Мадрид
веќе крои планови за тоа каков ќе биде ликот на тимот за новата сезона, во која
влегуваат како бранители на шампионската титула во Примера, а „Јорганџиите“
веруваат дека во зацртаните цели би можел да им помогне Бернардо Силва од
Манчестер Сити.
Манчестер Сити
сериозно е заинтересиран за Џек Грилиш од Астон Вила, како и Хари Кејн од
Тотнем, но за тоа да се реализира потребно е да се продадат неколку фудбалери,
меѓу кои и Силва.
Се верува дека со
продажбата на Португалецот би можело да се отвори голем простор за Грилиш, а „Франс
Фудбал“ пишува дека Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за услугите на 26
годишниот офанзивец кој немаше стандардно место во составот на „Граѓаните“.
Дека работите во
Манчестер Сити се движат во погрешна насока за Силва, доволно говори и
статистиката која вели дека во сезоната 2019/20 тој стартувал на 23 меча во
Премиерлигата, а настапил речиси на сите 38, а во изминатата стартуваше на 24,
а вкупно настапи на само 26 меча.
Силва изминатата
сезона ја одбележа со 2 погодоци и шест асистенции во освоената титула на
Манчестер Сити во Премиерлигата.