Манчестер јунајтед одново во преговори за Санчо

by
1 минути читање

Постои голема
самодоверба во Манчестер јунајтед околу можноста конечно да го ангажираат
Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, откако Премиерлигашот одново се врати во
трката за потписот на англискиот репрезентативец.

„Црвените ѓаволи“
подолг период се поврзуваат со Санчо, а беа блиску до негов ангажман ланското
лето, меѓутоа на крајот Борусија Дортмунд остана децидна на ставот да не го
ослободи фудбалерот за сума под 100 милиони фунти.

„Атлетик“
наведува дека Манчестер јунајтед веќе почнал преговори со Борусија Дортмунд за
услугите на Санчо, со надеж дека Бундеслигашот ќе прифати да ја намали цената
на фудбалерот.

Се верува дека
Манчестер јунајтед посакува да се намали цената на Санчо за цели 20 милиони
фунти, односно би издвоиле 80 милиони фунти за негов ангажман, меѓутоа не се
исклучува можноста договорот конечно да се постигне со тоа што Бундеслигашот
останатите 20 милиони фунти би ги добил во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×