167
Ливерпул ќе почне
преговори со првиот чувар не мрежата од голот, Алисон Бекер, а тоа е предвидено
да се случи веднаш штом тој се врати од интернационалната пауза каде во
моментов ги обавува обврските кон својата национална селекција.
„ББС“ наведува
дека Ливерпул е одлучен во намерата да го реши прашањето со Алисон на подолг
рок, иако тој има важечки договор со клубот до 2024 година.
Истиот медиум
додава и дека Бразилецот е еден од неколкуте ѕвезди со кои „Редсите“ сакаат да
почнат преговори за нови договори во клубот.
Алисон се
приклучи на Ливерпул во 2018 година по трансферот од Рома вреден 67 милиони
фунти, со тоа што во тој момент стана најскапиот голман на сите времиња.