Лоша вест: И новиот тест на Барди на ковид-19 е позитивен

by
1 минути читање

Енис Барди
денеска доби дозвола да ја напушти изолацијата и да почне со индивидуални
тренинзи, но фудбалерот од средниот ред ќе почека за да им се приклучи на
соиграчите.

И новиот тест на
Енис Барди на ковид-19 е позитивен, па тој не смее да има контакт со останатите
членови на Македонија.

„Црвено-жолтите“
утре ја имаат „генералката“ со Казахстан а во вторник ќе патуваат во Букурешт.
Се очекува Енис Барди во понеделник одново да биде тестиран, по што ќе се знае
дали тој ќе отпатува со експедицијата на Македонија во Романија.

Избраниците на
Игор Ангеловски авантурата на ЕВРО 2020 ја започнуваат на 13. јуни против
Австрија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×