Интер подготвува изненадување, ќе го продаде Лаутаро и ќе го ангажира Депај

by
1 минути читање

Се шпекулира дека
Интер мора да прибере околу 100 милиони евра од продажба на играчи и дека
клубот можат да го напуштат неколку ѕвезди. Се верува дека Ашраф Хакими е
најблиску до заминување, за десниот бек сериозен интерес има од ПСЖ, а
ситуацијата ја следат уште неколку клубови, помеѓу кои и Челси.

Според Спортмедиасет,
Лаутаро Мартинез исто така би можел да биде жртвуван, особено ако Атлетико
Мадрид достави понуда од 80 милиони евра која тешко ќе може да се одбие.

Идејата е на
местото на Аргентинецот да се ангажира Мемфис Депај, Холанѓанецот би пристигнал
беспари, па Интер не само што ќе ја пополни дупката во буџетот, ќе има и
пристојна сума за засилувања.

Спортмедасет
додава дека Ромелу Лукаку, кој синоќа изјави дека останува, е тој кој притиска
за ангажман на Мемфис Депај, со кого е добар пријател. Фудбалерот од Белгија средил
директорот Бепе Марота директно да разговара со Холанѓанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×