204
Пред неколку
денови беше објавено дека Кун Агуеро бил прилично дарежлив при заминувањето од
„Етихад“ и на 60 луѓе од персоналот на Манчестер Сити им подарил часовници. Имало
и лотарија на која бил доделен Рејнџ Ровер вреден околу 40.000 фунти.
Сега се појави и
видео од настанот, економот на „граѓаните“ беше среќникот кој ќе го вози
автомобилот на Кун Агуеро.
„Се тресам… на работа
ќе одам со Рејнџ Ровер“ – рече човекот додека се ракуваше со Аргентинецот.
Беше снимен и
моментот кога економот ги доби клучевите, „Ова сега е твој автомобил“.