„Скај Спорт
Италија“ известува дека Милан ги продолжил преговорите со Хакан Чалханоглу за
продолжување на соработката, а договорот на 27 годишниот плејмејкер истекува
токму месецов, по што би можел да си замине и без обештетување.
Првичната понуда
од 4 милиони евра годишна плата која Милан му ја достави на фудбалерот
категорично беше одбиена, а сега „Скај Спорт Италија“ пишува дека клубот од
Милано му понудил на Турчинот дополнителни 500,000 евра во понудата.
Клупските
директори на Милан веќе ги информирале претставниците на Чалханоглу дека
очекуваат финална одлука наредните денови, во спротивно ќе мораат да бараат
друго решение, а Турчинот инаку има понуда од Ал-Духаил вредна 8 милиони евра
годишна плата, а заинтересиран е воедно и Јувентус, кој му нуди три милиони
евра помалку.
Родриго Де Пол од
Удинезе е прв фаворит за наследник на Чалханоглу во дресот на Милан, со тоа што
„Росонерите“ за аргентинскиот плејмејкер би требало да издвојат најмалку 40
милиони евра.