Првата ѕвезда на
Белгија, Кевин Де Брујне би можел да го пропушти првиот меч со Русија во
воведното коло од групите на претстојното Европско првенство, најавува
селекторот на таа репрезентација Роберто Мартинез.
„Тешко дека Де
Брујне ќе биде подготвен за првиот меч, така кој и да го замени ќе мора да ми
докаже дека е подготвен“ вели Мартинез кој истакна дека плејмејкерот ќе мора да
носи маска, а истата ќе биде идентична со онаа на Фертонген.
„Ние веќе
донесовме одлука околу неговата маска, ќе биде истата како онаа на Јан
Фертонген, бевме многу задоволни од неа“ додаде тој.
„Би можел слободно
да кажам дека до наредната седмица ние едноставно немаме во предвид точно каде
сме со Кевин, сега, да му дадеме простор за релаксација“ нагласи селекторот на
Белгија.
„Тој ќе ни биде
достапен за Европското првенство, но ние не знаеме кој момент, рано е да даваме
одговор на тоа прашање, прво ќе мораме да добиеме зелено светло од медицинскиот
тим“ заклучи Мартинез.