„Газета дело
Спорт“ информира дека денеска Маурицио Сари ќе одржи клучен состанок со
спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, како и претседателот на тој клуб,
Клаудио Лотито.
Како и да е, „Лацијалите“
имаат и алтернативни опции доколку не постигнат договор со Сари, но тамошните
медиуми наведуваат дека средбата помеѓу Сари и Таре во понеделникот поминала со
позитивен исход, но барем засега обете страни не постигнале договор за
соработка.
Се верува дека
обете страни имаат слични гледишта, а некои од нивните ставови и се
поклопуваат, особено околу тоа како клубот да настапи во претстојниот период за
трансфери,
Неофицијално,
Сари посакува двајца фудбалери на бековските позиции, еден крилен напаѓач, но и
еден централен, а на списокот на желби на тренерот наводно се Елсеид Хисај,
Каралампос Ликогианис, Нахитан Нандез, Јосип Иличиќ и Рафаел Сантош Боре.
Сари наводно бара
4 милиони евра годишна плата, а Лацио му нуди еден милион евра помалку во преговорите.