По заминувњето на Куман и доаѓањето на Де Бур на кормилото на Холандија видлив е пад во играта на лалињата, така беше и синоќа кога Депај ги спаси од пораз против Шкотска, мечот заврши 2-2.
Бројни беа критиките на адреса на Де Бур кој пробуваше формација 5-3-2, а експериментот се покажа како неуспешен.
„Трениравме формација 5-3-2 само еднаш, не можеме да помислиме дека веднаш ќе можеме да играме добро. Но јасно е дека ситуацијата треба да се подобри. Убеден сум дека ќе играме многу подобро со оваа формација и со некоја друга. Мора да работиме на отстранување на грешките“, се правдаше Де Бур на прес конференцијата.
Критики стигнаа и од голманот Силесен кој беше позитивен на ковид-19. Де Бур реши да не го чека, па не го стави во составот за ЕП.
„Де Бур одамна знаеше дека имам позитивен тест и самиот ми рече дека ќе се приклучам на групата веднаш штом ќе имам негативен тест. Не знам што се случи неколку дена подоцна, зошт го смени ставот. Ме боли многу бидејќи не ни можев да помислам дека може да се случи нешто вакво, јас имав статус на прв голман во репрезентацијата“, вели Силесен.
„Правилата велат дека селекторот може да го замени голманот и во текот на првенството, па затоа не ми е јасно зошто ме елиминираше. Тој вели дека немало да бидам подготвен, но јас само еден ден имав проблем со коронавирусот, одлично сум физички подготвен“.
Ваквите проблеми за Холандија се добредојдени за Македонија. Нашиот дуел со нив е на 21 јуни.