156
Прва желба на Флорентно Перез по заминувањето на Зидан било враќање на Жозе Мурињо. Од клубот стапиле во контакт со Португалецот, но тој ги одбил бидејќи нема смисла да ја напушти Рома која штотуку го назначи.
Мурињо сметал дека е премногу да и го сврти грбот на Рома, а не ни почнал да работи за италијанскиот клуб, па Флорентино Перез се насочил кон втората опција, Карло Анчелоти.
Во последните години неколку пати се шпекулира за враќање на Мурињо во Мадрид, но тоа нема да се случи во блиска иднина.