218
Холандија двапат имаше негатива против Шкотска, но на крајот успеа да остане непоразена.
Хендри во 11. минута донесе водство за Шкотска, Депај погоди шест минути подоцна за изедначување.
Нисбет во 64. минута го врати водството на Шкотска, а Депај во 89. минута со својот втор гол на мечот ја спаси Холандија од пораз и ги постави конечните 2-2.
Австрија пружи силен отпор на гостувањето кај Англија. Со гол на Сака во второто полувреме Англичаните дојдоа до победа од 1-0.
Австрија по примениот погодок имаше неколку одлични шанси за гол, а еднаш ја погодија и пречката.