161
Се шпекулираше дека со заминувањето на Конте од Интер ќе сакаат да си одат и главните ѕвезди во тимот, но тоа не се случува, Лукаку ја потврди својата иднина.
„Останувам во Интер. Веќе имав контакт со новиот тренер Инзаги. Можеби не требаше уште сега да го кажам ова… но тоа беше многу позитивна конверзација. Се чувствувам добро во Интер“, изјави Лукаку за ВТМ.
Се очекува наскоро да стигне и официјална потврда дека Симоне Инзаги е нов тренер на Интер.