475
До петок ќе
пристигне официјална потврда дека Роналд Куман останува на тренерското столче
на Барселона, ова попладнево го пренесе СЕР. Жоан Лапорта не успеал да најде
соодтвена замена, па Холанѓанецот ќе ја одработи и втората година од договорот.
Но стратегот ќе мора
да исполни едно барање на претседателот на Барселона. Жоан Лапорта инсистира
„каталонците“ да играат во формација 4-3-3 и за ова нема преговоарање.
Исто така, Холанѓанецот
ќе треба да негува поофанзивен фудбал и покрај тоа што Барса изминатава сезона
постигна најмногу голови во Шпанија.