Милан веќе е
влезен во преговорите со Бреша околу финализацијата на договорот за трансфер на
Сандро Тонали кој во дресот на „Росонерите“ е на позајмица која истекува токму
ова лето.
Во Италија
наведуваат дека „Росонерите“ се обидуваат да го заокружат трансферот на Тонали
за помала сума од претходно договореното со Бреша, откако 21 годишниот фудбалер
се пресели на позајмица во Милано за 15 милиони евра, а генерално целосниот
негов трансфер требаше да изнесува 25 милиони евра.
Меѓутоа и тоа е
многу за Милан, па дури и да станува збор за фудбалер од калибарот на Тонали,
меѓутоа, како и да е, „Тутоспорт“ тврди дека барем засега преговорите помеѓу
обете страни се одвиваат во позитивна насока.
Тонали изминатата
сезона во Серија А запиша 25 настапи за Милан, кој на крајот заврши веднаш зад
Интер на табелата, односно како вицепрвак во тоа првенство.