164
„Скај Спорт
Италија“ пишува дека Интер притиска за постигнување на договор со Челси околу
ангажман на Емерсон Палмиери, кој претходно беше дел од редовите на Рома.
Бразилецот со
италијански пасош има активен договор со Челси до идната година, а барем засега
не успеа да се наметне кај новиот тренер Томас Тухел.
26 годишниот бек
запиша само два настапи во Премиерлигата оваа сезона, а во Интер сериозно се
заинтересирани за неговиот потпис, а се верува дека клубот од Лондон би се
задоволил со сума од околу 20 милиони евра.