Бројките на Анчелоти со Реал Мадрид не лажат

by
1 минути читање

Анчелоти се враќа
во „Кралскиот клуб“ откако претходно ја предводеше таа екипа во периодот од
2013 до 2015 година, а бројките кои Италијанецот ги запиша внесуваат оптимизам
кај навивачите на Реал Мадрид.

За одбележување е
фактот што Италијанецот го предводеше Реал Мадрид до 22 победи во низа еден
период, со тоа што статистички запиша 74,7% победи на натпреварите на кои беше
тренер.

Откако запиша
пораз од Атлетико Мадрид на 13 септември 2014 година, а се
до нивниот пораз од Валенсија на 4 јануари
идната година, „Кралевите“ имаа неверојатна низа од победи на 22 меча, а истата
стартуваше со победата од 5-1 над Базел во Лигата на шампионите на 16
септември.

Во таа низа, „Кралевите“
славеа на 10 меча на домашен терен, односно 12 на гости на четирите
натпреварувања на кои имаа учество, шест во Лигата на шампионите, 12 во
Примера, две во Светското клупско првенство, како и две во Копа дел Реј.

Тоа што е
дополнително импресивно е фактот што во тој период Реал Мадрид постигна 80, а
прими само десет гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×