173
По Серхио Агуеро
и Ерик Гарсија, Барселона го претстави и талентираниот бразилски бек Емерсон
Ројал во трето засилување за составот на Роналд Куман за новата сезона.
Каталонците ја
активираа опцијата за враќање на Бразилецот кој всушност беше на позајмица
изминатите две години во редовите на Бетис, кој за бекот добија обештетување во
висина од 9 милиони евра.
Емерсон ланската
сезона ја одбележа со еден гол и четири асистенции во 34 настапи за Бетис.