Фердинанд тврди дека Саутгејт погрешил: Јас не би го повикал Мегваер, не е фит

by
1 минути читање

Англија е
несомнено еден од главните кандидати за освојување на претстојното Европско
првенство, а Герет Саутгејт имаше доста тешки одлуки во поглед на конечната
одлука за списокот на фудбалери.

На конечниот
список се најде и стоперот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, со кого не беше
ризикувано на финалето од Лига Европа поради тоа што не беше целосно
рехабилитиран од повредата, а повикот за него на Европското е погрешен потег,
смета Рио Фердинанд.

На Англија и
беше потребен уште еден централен дефанзивец, сево ова ми говори дека Саутгејт
дефинитивно ќе игра со тројца во дефанзивната линија
“ вели Фердинанд за „Фајв“.

Хари Мегваер
дури не е целосно рехабилитиран од повредата, јас не би го зел за Европското,
едноставно е, не е фит, сево ова нема смисла
“ додава тој.

Сум имал прилика
да бидам во состави кога сме имале неподготвени фудбалери кои не биле целосно
рехабилитирани од повреда, тие не можеле во таков случај да имаат перформанси
како вообичаено, тоа се случувало со Дејвид Бекам, Вејн Руди, не верувам дека е
добра одлуката да се земе фудбалер кој не е 100% фит, се надевам дека тој ќе ми
докаже дека грешам во однос на оваа тема, навистина би сакал да биде така на
крајот
“ заклучи поранешниот стопер на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×