Карагер го советува Евертон да го ангажира Бенитез

by
1 минути читање

Легендата на
Ливерпул, Џејми Карагер вели дека лутиот ривал на неговиот поранешен
долгогодишен клуб, Евертон би требало да го ангажира Рафа Бенитез како
наследник на Карло Анчелоти кој се сели на клупата на Реал Мадрид.

Рафа е достапен,
веќе добро ја познава Премиерлигата, а јас сум сигурен дека е подготвен на еден
таков предизвик доколку во Евертон го посакуваат за нивен нов тренер, но тоа би
било воедно и еден од најшокантните одлуки за тренер на Евертон
“ изјави
Карагер, алудирајќи на големото ривалство помеѓу Ливерпул и Евертон.

Со Анчелоти,
Евертон се искачи едно ниво погоре во однос на ангажманот на искусни тренери со
добра репутација, а доколку тоа го посакуваат се уште во тој клуб, тогаш Рафа е
очигледно еден од главните кандидати
“ додаде тој во изјавата за „Телеграф“.

Карагер инаку
играше шест сезони под кормилото на Бенитез во Ливерпул, а во тој период „Редсите“
ја освоија титулата во Лигата на шампионите, како и ФА купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×