Од Кристијано
Роналдо зависи какви играчи ќе купува Јувентус летоска, настапот на трансфер
паазрот ќе биде поврзан со иднината на ЦР7.
Макс Алегри оваа
недела ќе има средба со првиот човек Андреа Ањели и со Федерико Керубини, кој
го наследи спортскиот директор Фабио Паратичи. Ќе се разговара за желбите и
имињата кои ги посакува новиот тренер и фудбалерите на кои нема да смета.
Медиумите од
Италија велат дека ќе се прават две сценарија, едно со Кристијано Роналдо во
тимот, и второ без Португалецот.
Доколку напаѓачот
замине, Јувентус ќе има повеќе средства за настап на трансфер пазарот. Доколку
ЦР7 остане, рацете на „бјанконерите“ ќе бидат прилично врзани поради неговата нето
плата од 30 милиони евра.
Иако има многу шпекулации
за иднината на Кристијано Роналдо, Тутоспорт вели дека играчот се уште не донел
одлука и не го известил раководството на Јувентус за своите намери.