Манчестер Сити е убедливо најскапиот тим во Англија, дури и оние кои не можат да се најдат во составот, кои седат на трибините се купени за преку 20-30 милиони евра.
Но, клубот нема да престане да инвестира богатство во составот, Пеп Гвардиола ќе добие уште еден богат трансфер период од шеиците.
Се верува дека најважно ќе биде да се купи нов напаѓач.
„Загубивме многу важна легенда во Серхио Агуеро. Многу тешко е да се пополнат неговите чевли, но уверен сум дека ќе го најдеме вистинскиот фудбалер кој ќе го направи тоа“, вели шеикот Калдон Ал Мубарак.
„Треба инвестиција и во другите делови на теренот, но веројатно не голема. Не се работи за бројки, се работи за квалитет“.
„Една од работите кои ги научив во овие години е дека потребно е константно да носите нови играчи, да го освежувате составот и кога сте на највисоко ниво, кога сте на врвот“.
„Тоа што ја освоивме титулата во Англија не значи дека ќе седиме и нема да правиме ништо, тоа би било најголемата грешка“.
„Сега е време да испратиме силна порака дека не сме задоволни само со освојувањето на Премиерлигата“.