Ерик Гарсија, Роналд Араухо, Пике, Ленгле и Мигуеза се петте централни дефанзивци на кои ќе смета Барселона, на Умтити му било кажано дека нема место за него во тимот за следната сезона.
Но неговото заминување нема да биде едноставно, ќе треба да се бара креативно решение, а причина е неговата висока плата.
Умтити заработува 12 милиони евра по сезона, нема клуб кој сега би му понудил таков договор и тоа е проблем за Каталонците.
Нивната цел е перманентно да го продадат, но би го пуштле и на позајмица ако успеа да ги договорат условите со некој клуб.
Можеби Барселона ќе треба да намали од барањата за неговото обесштетување, па клубот кој ќе заштеди од негово купување тие пари да ги пренамени за негова плата.