201
Мхитарјан токму поради Мурињо си замина од Манчестер јунајтед откако се влоши нивниот однос, но минатото е оставено зад нив, тие ќе почнат нова соработка.
Договорот на Мхитарјан со Рома истекуваше летово, тој синоќа стави потпис на продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој имаше одлична сезона, одигра 46 мечеви во сите натпреварувања, постигна 15 голови, имаше и 13 асистенции.
„Во овие две години Рома ме освои, и составот и градот, благодарност за неверојатната пасија на фановите. Клубот е многу амбициозен и горд сум што ќе бидам дел од него и следната сезона“, изјави Мхитарјан.