Чеферин одново „лобира“ за укинување на фудбалска традиција кај Англичаните стара 60 години

by
1 минути читање

Претседателот на
УЕФА, Александер Чеферин верува дека откажувањето на Лига Купот нема да биде
голема загуба за англискиот фудбал, но со самото тоа ќе биде потребно да се
направи еден вид на компензација кон клубовите од понискиот ранг
натпреварувања.

Сето тоа е со цел
да се отвори поголем простор за европските натпреварувања, а натпреварувањето
кое е познато како Карабао Купот, веќе има традиција од цели 60 години, со тоа
што годишно „произведува“ околу 90 милиони фунти, кои живот значат за клубовите
во Лига Еден, Два, како и Чемпионшип дивизијата.

Не се работи за
моја одлука на оваа тема, но лично сметам дека англискиот фудбал нема да
забележи голема загуба доколку се откаже тој куп
“ смета Чеферин.

Јасно е дека
постои финансиска добивка за клубовите од пониските дивизии, меѓутоа сето тоа
би требало да се компензира на поинаков начин
“ додава Словенецот, кој не е прв
пат да „лобира“ за исклучување на тоа натпреварување на Островот.

Карабао купот
веќе стана проблем за УЕФА со оглед на зголемувањето на Лигата на шампионите,
со тоа што новиот план предвидува и зголемување на натпреварите во групната
фаза од шест на десет, со тоа што ќе се дојде до бројка од 100 на 225 меча
почнувајќи од 2024 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×