874
Миралем Пјаниќ би
можел да се врати назад во Јувентус, откако Босанецот помина една од најтешките
сезони во својата кариера во дресот на Барселона.
Фудбалерот од
средниот ред имаше доста успеси под кормилото на Масимилијано Алегри, а според
пишувањата на „Тутоспорт“, обајцата се во постојан контакт, а враќање во Торино
ова лето е примамлива опција за Босанецот.
31 годишниот
Пјаниќ запиша 19 настапи за Каталонците изминатата сезона, а на само шест од
нив беше стартер во изборот на Роналд Куман.
Босанецот инаку
има активен договор со Барселона со важност до 2024 година.