Зоран Божиновски –
Чоко, стрелецот на првиот гол за националниот тим во Крањ против Словенија во
1993 година, гостувајќи во емисијата „Одиме на Европско“ во организација на
Фудбалската федерација на Македонија говореше за претстојниот настап на нашите
фудбалери на европскиот турнир.
„Убаво е
чувството, нормално, по толку години се оствари сонот на сите генерации
фудбалери, тренери, навивачи, Македонија да игра на големо натпреварување“
истакна популарниот „Чоко“ кој смета дека евентуален успех против Австрија на
стартот ќе придонесе за поголема самодоверба за предизвиците потоа.
„Мислам дека
имаме добра група, добар фудбалски момент, добра атмосфера но и квалитет,
мислам дека првиот меч со Австрија ќе биде клучен, доколку успееме да дојдеме
до добар резултат сигурно дека ќе влеземе со уште поголема самодоверба и мотив
за евентуално и вториот меч со Украина да се одигра на добро ниво“ подвлече тој,
а се осврна на тоа што им е потребно на избраниците на Ангеловски.
„Треба да бидеме
компактни како на последните натпревари, претпазливи, агресивни и експлозивни
во одредена фаза од натпреварот, но и ќе треба да се склопац коцките за да се
дојде до добар резултат“ категорично наведе Божиновски.
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација денеска против Словенија игра тест меч на свој терен како дел од завршните подготовки за европскиот турнир, каде за противник во групната фаза ги имаме Австрија, Украина и Холандија.