Азар тврди дека сака да остане во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Од трансферот за
сума од 146 милиони евра во 2019 година, Еден Азар наследи бројни повреди кои
го оневозможија во целост да покаже што знае и умее во дресот на шпанскиот
гигант.

Изминатиов период
бројни шпекулации се поврзуваат со Азар околу неговата иднина, меѓутоа тој
тврди дека ќе остане во Реал Мадрид, каде, како што и самиот вели, ќе направел
големи работи.

Не се гледам вон
Мадрид периодот кој претстои
“ категорично изјави Азар.

Имам три годишен
договор со клубот, а кога ќе бидам 100% подготвен ќе придонесам многу за овој
тим
“ додаде тој.

Точно знам што
треба да сторам, сега сум фокусиран на Европското првенство, но потоа ќе
направам многу големи работи за Реал Мадрид
“ заклучи Азар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×