Во Челси сериозно
размислуваат за ангажман на бекот од Интер, Ашраф Хакими во летниот преоден
рок, откако Мароканецот имаше блескава сезона во дресот на „Нероаѕурите“ во
освојувањето на титулата во Серија А.
Хакими изминатата
сезона постигна седум погодоци, но и осум асистенции во 37 настапи во Серија А,
а за брзо го привлече вниманието крај себе на неколку клубови, се верува дека
Арсенал е подготвен да издвои 43 милиони евра за неговите услуги.
Меѓутоа, не е
само Арсенал, туку и друг клуб од Лондон, а тоа е Челси, за што „Атлетик“ тврди
дека за Мароканецот сериозно се размислува изминатиов период.
Освен Челси и
Арсенал, за услугите на Хакими како што е познато од претходно, интерес има
пријавено и ПСЖ, а се верува дека понуда од околу 55 милиони евра би била
доволна за да се убедат челниците на Интер.