Мурињо ја следи ситуацијата на Донарума, сака да го прибере во Рома

by
1 минути читање

Милан не ги прифати восоките барања за плата на Донарума и не ја продолжи соработката со него. Сега Мино Рајола пробува да му најде нов клуб, но работите не одат како што тие посакуваа.

Донарума се поврзува со Барселона и Јувентус, но засега нема ништо конкретно. Се пишува дека Рајола на Јуве му го нудел голманот и за годишна плата од 6 милиони евра, што е помала од онаа која тој не ја прифати од Милан, но големи се шансите Алегри да се потпре на Шчесни кој самиот тој го донесе.

Според „Газета дело Спорт“, Жозе Мурињо ја следи ситуацијата на Донарума и се обидува да убеди младиот голман да потпше за Рома.

Ако Донарума прифати да игра за Рома, тоа ќе значи дека ќе настапува во новата Конференциска лига, а негова желба беше да игра во Лигата на шампионите каде по подолго време се пласираше Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×