3,7K
Хари Кејн сака да
замине од Тотнем ова лето, но „спарси“ нема лесно да се откажат од услугите на
напаѓачот. Се верува дека ќе бидат потребни околу 150 милиони фунти, пари кои
тешко дека некој може да ги плати во овој момент, кога клубовите се силно
погодени од пандемијата на коронавирус.
Според пишувањата
на Сан, Манчестер Сити сака да ја намали цената на Англичанецот со тоа што ќе
понуди две ѕвезди.
„Граѓаните“ се
подготвени во Лондон да ги испратат Рахим Стерлинг и Габриел Жесус, плус да исплатат
одредена сума за да го добијат Хари Кејн.