Флорентино Перез е изненаден од писмото на Зидан, детално го анализирал, но нема да влегува во војна со Зизу

by
1 минути читање

Весникот „Марка“ кој е близок до Реал Мадрид, тврди дека Флорентино Перез и остатокот од раководството биле изненадедни и навредени од писмото на Зидан.

Веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид синоќа преку писмо им се обрати на навивачите и го образложи своето заминување, тој ги обвини челниците на клубот велејќи дека не му дадле поддршка.

Лидерите на клубот вклучувајќи го и претседателот Перез, детално го анализирале писмото. Не го делат она што го мисли тренерот, и се зачудени како на него му се виновни сите, а во ниту еден момент не е самокритичен.

Сепак и покрај нападите од Зидадн, Перез и неговите соработници одлучиле да не се впуштаат во војна преку медиумите и нема јавно да го кажат својот став. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×