Серхио Рамос има иста понуда како Лео Меси, две години во Манчестер Сити и потоа во Њујорк Сити

by
0 минути читање

Серхио Рамос
подолго време е во преговори со Реал Мадрид за продолжување на соработката, но
двете страни никако да си подадат рака. Ситуацијата внимателно ја следат
неколку клубови, а последните информации велат дека и Манчестер Сити се
приклучува во битката.

„Граѓаните“ се
подготвени на маса да стават двегодишен договор со опција за уште една додатна година
или преселба во САД во редовите на Њујорк Сити.

Ваква слична
понуда Манчестер Сити минатото лето подготвуваше и за Лео Меси, но тогаш
Аргентинецот не доби раскин на договорот од Барса и преговорите пропаднаа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×