163
Маурицио Сари е
на добар пат да го превзеде кормилото на Лацио. Голем број на извори од Италија
пренесуваат дека двете страни водат интензивни преговори, вечерва спортскиот
директор Игли Таре бил во домот на стратегот во Тосканија и ги пеглале
деталите.
Се очекува првиот
човек на „бјанкочелестите“, Клаудио Лотито утре да се вклучи во преговорите и да
падне договор за соработка вредна 4 милиони евра по сезона.
Но пред да
потпише за Лацио, Маурицио Сари ќе добие 2,5 милиони евра од Јувентус, со оваа
сума „старата дама“ ќе го компензира стратегот за последната година од
договорот.