„Стандард“ пишува
дека 36 годишниот Тијаго Силва би можел да биде дел од Челси и идната сезона,
со тоа медиумот наведува дека повеќе од веројатно е дека ќе се активира
опцијата за дополнителни 12 месеци во неговиот договор со „Сините“ од Лондон.
Силва лани дојде
во Челси како слободен играч на трансфер пазарот по ангажманот во ПСЖ, а
ветеранот освен што имаше значајна улога под кормилото на Френк Лампард, истото
важеше и под кормилото на Томас Тухел.
И покрај фактот
што Силва го следеа неколку повреди, со оглед и на неговите години, сепак,
веројатно е дека искусниот Бразилец ќе му биде потребен на Тухел во новата
сезона, и покрај фактот што германскиот фудбалски стратег како опции во
одбраната ги има уште и Курт Зума, Андреас Кристенсен, Антонио Рудигер и Цезар
Аспиликуета.