Челси ќе се обиде да го искористи заминувањето на Конте и да го купи Лукаку

by
1 минути читање

Челси нема класичен шпиц, Жиру си оди, а Вернер може да делува како крилен напаѓач или десетка, но Германецот нема карактеристики на деветка.

Челси стана Европски шампион, но следната голема цел е титулата во Премиерлигата, а за тој подвик потребни се и засилувања.

Се чини дека Роман Абрамович задоволен од трофејот во ЛШ би можел повторно да го одврзе ќесето во летниот преоден рок, а главна цел би требало да биде Лукаку.

Заминувањето на Конте од Интер разочара дел од играчите на новиот италијански шампион, а еден од нив се верува дека е Лукаку.

Интер треба да продаде фудбалери за да излезе од финансиската криза, но не сакаат да го продадат Лукаку. Се очекува заминување на Хакими, а можно е и на Лаутаро Мартинез.

Како и да е, Челси ќе тргне по Лукаку, а дали ќе успее да го ангажира или ќе треба да побара друг напаѓач, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×